четврток, 12 март 2026

Нафтата пак над 100 долари, и покрај историското ослободување резерви

Цените на нафтата во текот на ноќта повторно се искачија над 100 долари за барел, три дена откако достигнаа највисоко ниво во последните четири години, додека војната на САД и Израел со Иран продолжува да има историско влијание врз глобалното снабдување со гориво, објави Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Скокот на цените дојде и покрај тоа што земјите членки на Меѓународната агенција за енергија (ИАЕ) во средата едногласно се согласија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта на глобалниот пазар.

Брент, глобалниот репер за нафта, доцна во средата се движеше околу 100 долари за барел, што претставува пораст од 8,7 % во текот на денот. Во меѓувреме, ВТИ, американскиот репер, исто така порасна за 8,7 % и достигна 94,8 долари.

Земјите членки на ИАЕ во средата едногласно се согласија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта на глобалниот пазар. Одлуката претставува еден од најголемите координирани потези за интервенција на енергетскиот пазар досега и има цел да се ублажи притисокот врз цените и да се стабилизира снабдувањето со гориво.

Со ослободување на дел од стратегиските резерви, земјите се обидуваат да го зголемат количеството нафта достапно на пазарот во момент кога геополитичките тензии и нарушувањата во снабдувањето создаваат силен притисок врз глобалните енергетски пазари.

Се очекува овој чекор привремено да помогне во стабилизирање на цените, иако аналитичарите предупредуваат дека влијанието може да биде ограничено доколку неизвесноста околу снабдувањето продолжи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ