понеделник, 15 декември 2025

Иран е целосно подготвен да се бори против Израел и САД

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Абдолрахим Мусави, изјави дека Иран е целосно подготвен да се бори и да го одбие секој нов акт на агресија од страна на Израел и Соединетите Американски Држави.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според него, Иран не им верува на ветувањата и обврските на Американците и, како што наведе, на ционистите.

Во телефонски разговор со министерот за одбрана на Таџикистан, Емомали Собирзод, Мусави исто така рече дека агресијата врз Иран докажала дека САД и ционистичкиот режим не се посветени на никакви меѓународни норми и принципи, пренесува денеска Тасним.

Тој изјави дека агресорите не постигнале ниту една од своите цели во војната против Иран и дека претрпеле тешки удари, поради што побарале прекин на огнот за да го спасат ционистичкиот, односно израелскиот режим.

На 13 јуни, Израел започна воздушни напади врз иранските воени и нуклеарни постројки, тврдејќи дека ја спречува земјата да добие нуклеарна бомба, на што Иран одговори со ракетни напади и лансирање беспилотни летала кон Израел.

Прекинот на огнот во конфликтот меѓу двете земји стапи на сила на 24 јуни, со посредство на САД, кои претходно бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, Натанц, Фордо и Исфахан, на 22 јуни.

Како одговор на американските напади, иранските вооружени сили лансираа серија ракети врз воздухопловната база Ал Удеид во Катар, најголемата американска воена база на Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ