сабота, 31 мај 2025

На вработените во Стејт департментот им е наредено да ги пријават колегите со антихристијански ставови

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на вработените во американскиот Стејт департмент да пријават какви било случаи во кои колеги покажале „антихристијански предрасуди“, како дел од сеопфатната нова извршна наредба со која се настојува да се поддржат вработените од христијанската вера во федералната влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според внатрешен документ што на увид го имал Политико, Стејт департментот ќе работи со меѓуагенциска работна група за собирање информации за „верските предрасуди за време на претходната претседателска администрација“, а меѓу другото ќе се собираат примери на антихристијански ставови преку анонимни формулари за пријава што вработените можат сами да ги пополнат.

Оваа инструкција, испратена до сите американски амбасади низ светот под името на државниот секретар Марко Рубио, беше дистрибуирана и во форма на официјално известување во самиот Стејт департмент.

Во документот се наведува дека работната група формирана според извршната наредба ќе го одржи својот прв состанок околу 22 април за да разговара за првичните наоди.

Упатството ги охрабрува вработените да се пријавуваат меѓусебно користејќи формулар што може да биде анонимен. „Извештаите треба да бидат колку што е можно подетални, вклучувајќи имиња, датуми, локации (на пример, амбасадата или канцеларијата во САД каде се случи инцидентот)“, се вели во упатствата.

Дел од вработените во Стејт департментот реагираа со изненадување и тревога, предупредувајќи дека, дури и да е добронамерна, директивата поаѓа од погрешната претпоставка дека воопшто постои антихристијанска пристрасност во Стејт департментот и стравуваат дека тоа може да создаде атмосфера на страв и недоверба кај вработените.

„Иако извршната наредба ги нагласува антихристијанските предрасуди, секое таргетирање на поединци поради нивната верска припадност е дискриминаторско и спротивно на Уставот и различните федерални закони“, се вели во известувањето.

Извршната наредба на Трамп, издадена во февруари, ги обврзува сите федерални агенции да ги отстранат „антихристијанските предрасуди“ од државната администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ