недела, 14 декември 2025

На Словенечките Алпи загина хрватски планинар, паѓал 200 метри

Поранешниот претседател на карловачкото Планинарско друштво (ПД) Дубовац и искусен планинар Роберт Лемиќ загина вчера на Словенечките Алпи, објавија хрватските медиуми.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

54-годишниот Лемиќ загинал додека се спуштал од Шкрлатица, вториот највисок врв во Словенија на Јулиските Алпи со 2.740 метри, објавува словенечката агенција СТА, повикувајќи се на Полициската управа во Крањ.

Според полициски извори и извори од словенечката служба за спасување на планините ГРС, 54-годишникот се спуштал по обележана планинарска патека со група планинари кон Аљажев Дом, во долината Врата, кога на 2.100 метри надморска височина се лизнал и паднал во клисура.

Хрватскиот планинар, кој одел на чело на групата, добил толку тешки повреди што починал на самото место. Искачувањето и спуштањето биле извршени по јужната страна на Шкрлатица.

Полицијата била известена за несреќата во неделата во 17 часот, по што ГРС од Мојстрана се придружила во спасувачката операција за спасувачите да можат што поскоро да стигнат до жртвата, но 54-годишниот Хрват не можело да биде спасен.

Биле активирани спасувачите од Крањска Гора и Ратече, како и специјална планинска единица на полицијата од Крањска Гора. ГРС го транспортирала телото на жртвата со хеликоптер до долината Врата.

Искачувањето до Шкрлатица висока 2.740 метри од долината Врата е класифицирано како многу тешка обележана патека. Добро обучените планинари со потребното искуство во искачувањето имаат потреба од најмалку шест часа за искачување, а висинската разлика од Аљажев Дом на 1.015 метри надморска височина до врвот Шкрлатица е 1.800 метри.

Горниот дел од патеката до Шкрлатица оди преку челични сајли и ова е најопасниот дел од рутата нагоре и надолу. Планинарите обично ја делат турата на два дена. Ова е втора смртоносна несреќа во словенечките планини во текот на викендот, по смртта на 47-годишен чешки планинар во саботата на Кошута во Караванке.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ