Дури 80 отсто не му веруваат, а пет отсто не одговориле на прашањето.
Падот на поддршката доаѓа пред парламентарното гласање за доверба на француската влада на премиерот Франсоа Бајро кој, според анкетата, е рангиран пониско од Макрон. Само 14 отсто од Французите му веруваат на Бајруо а 82 отсто не го поддржуваат.
Националниот собир и другите опозициски партии изјавија дека ќе ја соборат малцинската влада кога ќе се гласа на 8 септември. Бајро минатата недела свика гласање за доверба на владата додека се обидува да ги протурка непопуларните буџетски планови за 2026 година.






