петок, 6 март 2026

На Куба се враќа струјата

Кубанското Министерство за енергетика објави дека националната електрична мрежа е повторно поврзана и дека производството на електрична енергија е обновено по прекинот кој во средата го погоди поголемиот дел од земјата, вклучително и Хавана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Прекинот на електричната енергија доаѓа во време кога комунистичката влада на островот се бори со зголемениот притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги ограничи испораките на нафта.

До вчера рано наутро, објави министерството на социјалната мрежа Твитер, мрежата е повторно поврзана од Гвантанамо во источна Куба до Пинар дел Рио на крајниот запад.

Во Хавана, според локалната комунална компанија ЕЕЛХ, 22 трафостаници и 102 дистрибутивни кола се во функција, кои сочинуваат приближно 36 проценти од градот, процес за кој компанијата соопшти дека ќе се воведува постепено како што ќе дозволат условите во националната мрежа.

Електрокомпанијата Унион електрика (УНЕ) објави во средата дека прекинот на електричната енергија е предизвикан од неочекуван прекин во термоцентралата Антонио Гитерас, која се наоѓа на околу 100 километри источно од Хавана.

Куба доживеа серија големи прекини на електричната енергија во последните години, дури и пред потезите на САД со кои се прекина снабдувањето со нафта, особено од главниот снабдувач Венецуела, откако Вашингтон на почетокот на јануари го киднапираше лидерот Николас Мадуро.

Кубанската влада ја припишува својата економска криза на повеќедецениските американски економски санкции, кои придонесоа за недостиг од инвестиции во производството на електрична енергија и електричната мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ