понеделник, 15 декември 2025

На конференција во Рим ветени над 10 милијарди евра за обнова на Украина

Учесниците на конференцијата за економско закрепнување на Украина во Рим ветија повеќе од 10 милијарди евра помош, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони. Конференцијата, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се одржува во сенка на интензивните руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев. Зборувајќи на отворањето на конференцијата, Зеленски ги опиша нападите како „чист тероризам“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија треба да се соочи со построги санкции за да се зголеми притисокот врз неа да ја запре војната во Украина“, кажа Мелони. „Патот за нас е јасен: да продолжиме да ја поддржуваме Украина, а од друга страна да го одржиме или дури и да го зголемиме притисокот врз Русија, пред сè преку санкции“, порача Мелони, обраќајќи се пред новинарите заедно со Зеленски по отворањето на конференцијата во Рим.

Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц потсетија на закрепнувањето на нивните земји по Втората светска војна, фашистичка Италија и нацистичка Германија, како пример за тоа што може да постигне Украина.

„Мислам дека треба да бидеме горди на резултатите што ги постигнавме денес тука – нациите, меѓународните организации, финансиските институции, локалните самоуправи, бизнис секторот и граѓанското општество“, кажа Мелони во својот говор на отворањето на конференцијата. „На денешната конференција, заедно ветивме повеќе од 10 милијарди евра“, додаде таа.

Ова е четврта ваква конференција од почетокот на конфликтот Украина во февруари 2022 година. Европската комисија издвои 2,3 милијарди евра за обнова на Украина.

„Со 2,3 милијарди евра потпишани обврски, имаме намера да деблокираме до 10 милијарди евра инвестиции во реновирање на домовите, повторно отворање на болниците, оживување на компаниите и енергетско осигурување“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. „Буквално инвестираме во иднината на Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ