Претседателот на Малдиви Мохамед Муизу го ратификуваше амандманот на законот за доселеништво откако во вторникот помина во парламентот, соопшти неговиот кабинет.
Со амандманот се воведува нова одредба во законот за имиграција со која остро се забранува влез на посетители со израелски пасоши на Малдивите. „Ратификацијата го одразува цврстиот став на владата како одговор на продолжувањето на ѕверствата и геноцидните дела кои Израел ги врши над палестинскиот народ“, се наведува во соопштението.
Израелското министерство за надворешни работи не одговориле на барањата за коментар на забраната.
Јужноафриканската република го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата на Обединетите нации, а Амнести интернешнал ја обвини таа држава за геноцид над Палестинците во извештајот од декември. Израелските власти ги отфрлаат обвинувањата.
Муизу повика на забрана за влез за Израелците уште во јуни 2024, по препораката на владата, поради што израелското министерство за надворешни работи им препорача на своите државјани да го избегнуваат архипелагот познат по нечепнатите плажи и раскошните одморалишта.
Туризмот е главниот мотор на економијата на Малдиви, со околу 21 отсто од БДП со приходи од 5,6 милијарди долари во 2024 година, според владините податоци. островската држава оваа година очекува околу 5 милијарди долари приходи од туризам.