недела, 14 декември 2025

На Додик му се одзема дипломатскиот пасош, има рок од 15 дена да го врати

На Милорад Додик, чиј мандат како претседател на Република Српска (РС) официјално заврши според конечната одлука на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК), ќе му биде одземен дипломатскиот пасош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сараевскиот портал Кликс (Klix.ba) објави документ од Министерството за надворешни работи на БиХ испратен до Канцеларијата на претседателот на РС, во кој се наведува дека Додик има петнаесет дена да го врати дипломатскиот пасош.

„Со оглед на тоа што со одлуката на ЦИК на БиХ од 6 август е утврдено прекинување на мандатот на Милорад Додик, со ова го повикуваме именуваниот да го врати дипломатскиот пасош“, се наведува во писмото од МНР на БиХ.

Доколку Додик не го врати дипломатскиот пасош во дадениот рок, МНР на БиХ ќе ја извести Граничната полиција на БиХ и дипломатско-конзуларната мрежа на БиХ дека неговиот пасош е поништен.

Апелациониот совет на Судот на БиХ вчера ја отфрли жалбата на Додик против одлуката на ЦИК, која, по изрекувањето на конечната пресуда од една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција, му го одзеде мандатот како претседател на РС поради непочитување на одлуката на високиот претставник.

По одлуката на Апелациониот совет на Судот на БиХ, Додик официјално повеќе не е на функцијата претседател на РС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ