вторник, 24 март 2026

На денешен ден пред 27 години НАТО почна да ја бомбардира СР Југославија

Денес се навршуваат 27 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО врз Сојузна Република Југославија (СРЈ), во кое за 11 недели, според неофицијални проценки, беа убиени околу 2.500 цивили и околу 1.000 војници и полицајци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во бомбардирањето, кое траеше 78 дена, тешко беа оштетени државната инфраструктура, стопански објекти, здравствени установи, медиумски куќи, културни споменици и воени објекти.

Годишнината од бомбардирањето на НАТО ќе биде одбележана со низа комеморативни собири во Белград, додека централниот државен настан ќе се одржи во Врање, со почеток во 19:30 часот.

На платото пред Галеријата на Националниот музеј во Врање, претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе присуствува на одбележувањето на Денот на сеќавањето на настраданите во бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

Претходно, во 10:00 часот во паркот Ташмајдан во Белград, министерката за труд, вработување, ветерани и социјални работи Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски положи венец на Споменикот на децата жртви на бомбардирањето.

На ридот Стражевица во белградската општина Раковица, во 11:00 часот, претседателот на Собранието на Белград Никола Никодијевиќ положи венец на споменикот „Гласникот од Стражевица“.

Претставници на Владата на Србија, делегација на српската армија и членови на семејствата на загинатите им оддада почит на паднатите војници.

Нападите врз Југославија започнаа на 24 март 1999 година, врз основа на наредбата на тогашниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана, а владата на СРЈ прогласи воена состојба истата ноќ.

Агресијата на НАТО следеше по неуспешните преговори за решавање на кризата на Косово и Метохија во Рамбуе и Париз во февруари и март 1999 година.

Бомбардирањето на Југославија заврши на 10 јуни, со усвојување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Еден ден претходно, претставници на Војската на Југославија армија и НАТО потпишаа воено-технички договор во Куманово, во кој се прецизираше повлекувањето на југословенските и српските армиски и полициски сили од Косово и Метохија и влегувањето на меѓународни воени трупи, кое се случи на 12 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ