вторник, 30 декември 2025

Мухамед минатата година било најпопуларно име за момчињата во Англија и Велс

Мухамед бил најпопуларниот избор за име за момче во Англија и Велс во 2023 година, а повеќе од 4.600 деца се регистрирани со тоа име, јавува Би-би-си. Името Мухамед е меѓу десетте најпопуларни имиња за момчиња од 2016 година, а сега го престигна претходно најпопуларното име, Ноа, според податоците на Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓутоа, постојат регионални разлики, па името Мухамед не се нашло меѓу најпопуларните имиња во три региони на Англија. Други варијанти на името, како Мохамед и Мохамад исто така влегле на листата на 100 најпопуларни имиња за момчиња во Англија и Велс. ОНС секоја варијанта на името ја смета за посебна, а различните облици на името Мухамед веќе со години се популарни.

Оливија останува најпопуларен избор за девојчињата, следа Амелија и Ајла. Овој врв на листата останува непроменет од 2022 година.

Нови имиња на листата на најпопуларните за девојчињата се Лајла, Раја и Хејзел, додека Јекс, Енцо и Боди влегле меѓу најпопуларните 100 имиња за момчињата.

Кралските имиња биле помалку популарни во 2023, што е дел од трендот кој трае веќе некое време. Имињата Џорџ, Арчи, Хари и Шарлот бележат пад на популарноста, исто како Елизабет и Чарлс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ