вторник, 6 јануари 2026

Москва побара од САД да го ослободат Мадуро, ги негираат тврдењата дека потпретседателката на Венецуела е во Русија

Русија ги повика Соединетите Американски Држави да ги ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во контекст на потврдените извештаи дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се во Соединетите Американски Држави, силно го повикуваме американското раководство да ја преиспита својата позиција и да го ослободи легално избраниот претседател на суверена држава и неговата сопруга“, објави руското Министерство за надворешни работи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази „цврста солидарност со венецуелскиот народ во услови на вооружена агресија“ за време на телефонскиот разговор со венецуелската потпретседателка Делси Родригез, соопшти Министерството.

„Страните се посветени на спречување на понатамошна ескалација и наоѓање излез од ситуацијата преку дијалог“.

Министерството соопшти и дека информациите дека Родригез е во Русија се „лажни“, како што претходно објави Ројтерс.

Претходно, четири извори наводно запознаени со движењата на потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, кажале за Ројтерс дека таа е во Русија.

Нејзиниот брат, претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, е во Каракас, соопштија три извори запознаени со неговите движења, објави британската агенција.

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро е заробен од американската армија по нападот врз таа земја.

Делси Родригез претходно се огласи во аудио порака емитувана на државната телевизија, барајќи доказ дека Мадуро и неговата сопруга Силија се живи, додека Хорхе Родригез не се појавил во јавноста по нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ