Соопштението на руското министерство се однесува на неодамнешниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации по повод Меѓународниот ден против едностраните принудни мерки.
„Во последните години, Русија се соочи со невиден економски притисок од западните земји. И покрај ова, руската економија покажа висок степен на отпорност и прилагодливост и продолжи да расте стабилно“, се наведува во соопштението на министерството.
„Во периодот од 2022 до 2025 година, европската економија претрпе загуби од околу 1,6 трилиони евра поради антируските ограничувања“, се додава во соопштението.
Употребата на еднострани принудни мерки е значајна пречка за воспоставување праведен и рамноправен полицентричен светски поредок, додаде руското министерство, отфрлајќи ги ваквите мерки како главен инструмент на неоколонијалните политики на колективниот Запад.
„Заедно со нашите партнери, одговорни членови на глобалното мнозинство, ќе ја продолжиме борбата против нелегалните еднострани принудни мерки и другите форми на неоколонијализам во интерес на брзо воспоставување на праведна мултиполарна архитектура, ослободена од диктатите на санкции или принуда.“
Министерството објави дека обидите за запленување на руските средства замрзнати од Западот претставуваат ризик за сите држави чии средства се под јурисдикција на западните држави.
„Обидите за експропријација на суверените средства на централните банки претставуваат ризик за сите држави кои поседуваат средства во западните јурисдикции“, се заклучува во соопштението.






