Кремљ ја исклучува можноста за брз дипломатски напредок.
„Дискусијата ќе се фокусира главно на прашања поврзани со нацрт-меморандумите што двете страни ги разменија во јуни, во кои беа вклучени и нивните барања“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој повтори дека нацрт-документите се дијаметрално спротивни.
Песков рече дека руската делегација е непроменета и дека, како и на претходните состаноци во мај и јуни во Истанбул, ќе ја предводи поранешниот министер за култура и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински.
Резултатот од првиот круг разговори беше договор за размена на воени заробеници, а на втората средба беше постигнат договор за размена на ранети и тешко ранети, како и војници под 25 години. Исто така, беше договорена и размена на тела на загинатите војници.
Украинските медиуми објавија дека делегацијата од Киев во Турција денес ќе ја предводи поранешниот министер за одбрана, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров.






