четврток, 18 декември 2025

Москва негира дека нејзини борбени авиони влегле во Естонија: „Летаа над неутрални води“

Руското Министерство за одбрана негира дека негови борбени авиони денеска влегле во воздушниот простор на НАТО-членката Естонија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за надворешни работи на Естонија во Талин рече дека денеска три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во воздушниот простор на членката на НАТО „без дозвола и останале таму вкупно 12 минути“ над Финскиот Залив, и го осуди упадот како „дрзок“.

Во кратко соопштение денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека трите МиГ-31 извршувале рутински лет од Карелија, источно од Финска, до аеродром во регионот Калининград, руска енклава што граничи со Полска и Литванија.

Авионите летале над неутралните води на Балтичко Море, на повеќе од 3 километри од островот Ваиндло во Естонија, „без да го нарушат естонскиот воздушен простор“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Летот беше извршен во строга согласност со меѓународните прописи за воздушен простор и без да се преминат границите на други земји“, додаде министерството.

Во Њујорк, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, за Ројтерс изјави дека не знае за инцидентот, но додаде: „Не верувам во она што Естонија го кажува за Русија“.

Информиран за обвинувањето од Естонија дека Русија пуштила авиони во нејзиниот воздушен простор, Небензја рече: „Колку трагично“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ