недела, 13 јули 2025

Москва: Израел ризикува „нуклеарна катастрофа“

Нападите на еврејската држава врз Иран се нелегални и ја загрозуваат глобалната стабилност, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тековните напади на Израел врз нуклеарните објекти на Иран претставуваат неприфатливи закани за меѓународната безбедност и ризикуваат да го потопат светот во катастрофа, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Израел започна со бомбардирање на Иран во петокот, тврдејќи дека Техеран е при крај со нуклеарната бомба. Иран ги отфрли обвинувањата како неосновани и возврати на израелската воена операција со бранови напади со беспилотни летала и ракети.

„Тековните интензивни напади од израелска страна врз мирни нуклеарни објекти во Иран се нелегални од гледна точка на меѓународното право, создаваат неприфатливи закани за меѓународната безбедност и го туркаат светот кон нуклеарна катастрофа“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи објавено денеска.

Ескалацијата на конфликтот ризикува понатамошна дестабилизација на целиот регион, додаде министерството, повикувајќи го израелското раководство „да се вразуми и веднаш да ги запре нападите врз нуклеарните објекти“.

Жестоката реакција на нападот на Израел врз Иран од поголем дел од меѓународната заедница покажува дека еврејската држава е поддржана само од земјите што дејствуваат како нејзини „соучесници“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Поддржувачите на Израел извршија притисок врз одборот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) да ја протурка минатонеделната „пристрасна антииранска резолуција“ за нуклеарната програма на Техеран, која „му даде одврзани раце на Западен Ерусалим и доведе до оваа трагедија“, според министерството.

„Обидите на западниот табор да го манипулира глобалниот режим за неширење нуклеарно оружје и да го искористи за пресметка на политички сметки“ ја чинат скапо меѓународната заедница и се „целосно неприфатливи“, додаде министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ