недела, 7 декември 2025

Москва бара објаснување од САД во врска со нуклеарните тестирања

Русија ги повика Соединетите Американски Држави да ги разјаснат, како што ги нарече, контрадикторните сигнали за продолжување на нуклеарните тестирања, кажувајќи дека таков потег би предизвикал сериозни реакции од Русија и други земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела ѝ нареди на американската војска веднаш да го рестартира процесот на тестирање на нуклеарно оружје по 33-годишна пауза. Но, не е јасно дали Трамп мисли на тестирање на ракета способна да носи нуклеарни боеви глави или на тест што вклучува нуклеарни експлозии – нешто што ниту САД ниту Русија не го направиле повеќе од три децении.

„Ако е второто, тогаш тоа ќе создаде негативна динамика и ќе ги охрабри чекорите на другите земји, вклучително и Русија, како одговор“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова за новинарите. „Засега, забележуваме дека сигналите кои доаѓаат од Вашингтон, кои предизвикуваат оправдана загриженост во сите делови на светот, остануваат контрадикторни и, се разбира, вистинската состојба на работите мора да се разјасни“.

Со оглед на двосмисленоста на плановите на САД, претседателот на Русија Владимир Путин во средата им наложи на високите функционери да подготват предлози за Русија да спроведе свој потенцијален нуклеарен тест како одговор на секој таков потег на САД. Москва не извршила нуклеарен тест од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Безбедносните аналитичари велат дека продолжувањето на тестирањето на која било од светските нуклеарни сили би бил дестабилизирачки чекор во време на акутна геополитичка тензија, особено поради војната во Украина, и веројатно би ги поттикнало други земји да го следат примерот. Русија и САД поседуваат најголеми нуклеарни арсенали во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ