недела, 4 мај 2025
Поради царините на Трамп

ММФ: Светската економија значително ќе забави, американската драстично

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја снижи прогнозата за економски раст за 2025 година, велејќи дека зголемувањето на царините и општата несигурност што тоа ја создаде ќе доведат до „значително забавување“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во своите најнови глобални прогнози, ММФ предвидува дека светската економија ќе порасне за 2,8 отсто оваа година, што е помалку од претходната проценка од 3,3 отсто.

Најголем пад меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави – сега се очекува раст од 1,8 отсто, во споредба со претходната проценка од 2,7 отсто.

Намалена е и прогнозата за раст за Обединетото Кралство – од претходните 1,6 отсто на 1,1 отсто во 2025 година.

Прогнозите во голема мера се совпаѓаат со очекувањата на многу економисти од приватниот сектор, иако некои стравуваат дека рецесијата е сè поверојатна. Економистите во ЏП Морган велат дека шансите за рецесија во САД сега се 60%. Федералните резерви, исто така, прогнозираат дека растот ќе ослаби оваа година, на 1,7%, пренесува АП.

„Влегуваме во нова ера“, рече Пјер-Оливие Гуриншас, главен економист во ММФ. „Овој глобален економски систем што функционира во последните осумдесет години се ресетира.“

Гуринчас рече дека зголемената несигурност околу увозните давачки го навела ММФ на невообичаен чекор да подготви неколку различни сценарија за идниот раст. Неговите прогнози беа финализирани на 4 април, откако администрацијата на Трамп објави огромни тарифи за скоро 60 земји заедно со речиси универзални давачки од 10%.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ