недела, 7 декември 2025

ММФ: Прерано е да се заклучи дека царините на Трамп не ја погодиле глобалната економија

Иако американските царини досега имаа помало глобално влијание од очекуваното, би било „прерано и неточно“ да се заклучи дека тие немале никаков ефект врз економскиот раст, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ММФ во својот последен извештај „Светски економски перспективи“ малку ги зголеми очекувањата за глобалниот и американскиот раст за оваа година.

Фондот сега очекува глобалната економија да порасне за 3,2 отсто во 2025 година, во однос на јулската прогноза од 3 отсто, но сепак „далеку под просекот пред пандемијата од 3,7 отсто. Во меѓувреме, се очекува американската економија да порасне за 2 отсто оваа година и за 2,1 отсто во 2026 година, што е малку повисоко од претходните прогнози.

Причината за помалото влијание на царините лежи во серијата трговски договори кои ги постигнаа Соединетите Американски Држави, кои ја намалија просечната царинска стапка од априлските кулминации. „Соединетите Американски Држави преговараа за трговски договори со различни земји и обезбедија повеќекратни исклучоци“, напиша главниот економист на ММФ Пјер Оливие Гуринчас, додавајќи дека повеќето земји се воздржале од одмазда.

Фирмите, исто така, брзо се адаптирале со зголемување на увозот пред зголемувањето на цените и пренасочување на нивните синџири на снабдување.

Но, Гуринчас предупреди дека трговските тензии продолжуваат да ескалираат, дека нема гаранција дека договорите ќе траат и дека американските увозници би можеле да ги пренесат трошоците за повисоките тарифи на потрошувачите. „Искуството од минатото сугерира дека може да помине долго време пред да се појави целосната слика“, порача тој.

Претседателот на САД Доналд Трамп почна хаотична трговска војна оваа година, зголемувајќи ги тарифите, суспендирајќи некои и менувајќи други. Континуираната неизвесност е потврдена од најновите тензии меѓу САД и Кина, при што Трамп се закани дека ќе воведе царини од 100 отсто за кинеските стоки поради спорот околу извозот на ретките земни метали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ