четврток, 5 март 2026

Младите во Германија протестираат против воената обврска: „Паметна глава не става војнички шлем“

Илјадници ученици низ цела Германија протестираа денес под слоганот „Штрајк во училиштата против регрутација“ против воведувањето воена обврска, која е на сила од јануари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Организаторите на протестот објавија дека 50.000 демонстранти протестирале низ цела Германија. Според полицијата, само во Берлин се собрале околу 3.000 учесници. Околу 600 учесници се собрале во Минхен, а собири се планирани и во други поголеми германски градови во текот на денот.

Средношколците, држејќи транспаренти со натписи како „Наставната програма не кажува ништо за умирање на фронтот“ или „Паметна глава не носи војнички шлем“, протестираа против промената на законот за воена регрутација кој стапи на сила на почетокот на годината.

Законот предвидува регистрација на осумнаесетгодишниците, а пополнувањето прашалник за подготвеност за воена служба е задолжително за младите мажи. Во случај недоволен број да се пријават за воена служба, сегашната демохристијанско-социјалдемократска влада ја задржуваа опцијата за принудно регрутирање според потребите.

Ученичките здруженија сметаат дека политиката ги заобиколила во процесот на одлучување за новиот облик на воена служба, кој беше укинат во 2013 година.

Во екот на зајакнувањето на Бундесверот како одговор на руската агресија врз Украина, германските власти одлучија да го зголемат бројот на војници. На Бундесверот моментално му недостасуваат околу 80.000 активни војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ