Судијата може да го задржи осомничениот во полициски притвор подолг временски период, да му одреди притвор или да го ослободи, пишува словенечко Дело. Убиството во саботата ја шокираше јавноста во Нови Место и во остатокот од земјата и предизвика политички превирања.
Пред барот Локалпатриот на улицата Розманова, 48-годишниот Алеш Ш, познат локален угостител., бил претепан до смрт откако дошол да го земе својот син кој го повикал на помош затоа што, како што објавија словенечките медиуми, му се заканувала група млади Роми.
Полицијата потврди дека добила пријава за нападот околу 2:30 часот наутро, а мажот починал во болница од тешки повреди на главата. Уапсениот член на ромската заедница веќе ѝ бил познат на полицијата.
Министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднесоа оставки, кои премиерот Роберт Голоб ги прифати и денес ќе го извести Народното собрание. Додека опозицијата бара оставка од целата влада, Голоб најавува дека ќе се посвети на потрагата по нови министри.
Според најавата на премиерот, владата ќе се занимава со подготовка на радикални мерки за зголемување на безбедноста, кои треба да бидат презентирани утре на вонредната седница на општинскиот совет на Ново Место.
Дополнителни полициски сили и специјални единици веќе се испратени на подрачјето на Полициската управа Ново Место со цел да се удвои присуството на полицијата. Во меѓувреме, главниот директор на полицијата Дамјан Петрич наредил и стручен надзор врз работата на Полициската управа Ново Место.
Премиерот Голоб вчера изјави дека некои мерки, како што е задолжителното посетување градинки и училишта, веќе се спроведуваат од 1 септември. „Сепак, мерките во училиштата и градинките не можат да го спречат насилството пред клубовите“, истакна тој, додавајќи дека новиот пакет промени „ поинаку ќе го третира насилното однесување на возрасните “.
Тој се осврна и на 21-годишниот сторител. „Овој сторител, 21-годишник, не станал тоа што е преку ноќ. Тој, за жал, е производ на систем кој не функционира. Систем кој буквално го издигна во некој што убил сограѓанин од чиста ароганција. Ќе биде потребна цела генерација за повторно воспитување на таквите луѓе“, заклучи претседателот на словенечката влада.






