четврток, 25 декември 2025

Министерството за правда на САД го одложи објавувањето на целосната документација за Епстин за неколку недели

Министерството за правда на Сое3динетите Американски Држави синоќа објави дека за објавување на комплетната документација поврзана со сексуалниот предатор Џефри Епстин ќе бидат потребни „уште неколку недели“, со што дополнително ќе се одложи исполнувањето на барањето поставено од Конгресот на САД – најдоцна до 19 декември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството соопшти дека американскиот обвинител за Јужниот округ на Њујорк и Федералното истражно биро (ФБИ) пронашле уште еден милион документи кои би можеле да бидат релевантни за случајот Епстин.

Во соопштението не се наведува кога Министерството било информирано за овие нови документи.

Министерството тврди дека неговите адвокати „24 часа на ден“ ги прегледуваат тие документи и ги прават редакциите потребни со законот, усвоен речиси едногласно минатата недела во Конгресот.

„Ќе ги објавиме тие документи што е можно поскоро. И поради големото количество материјал, тој процес може да потрае уште неколку недели“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ