Повеќе од 1.400 протести беа одржани под името (Хендс оф) – „Рацете подалеку!“ пред федералните згради, штабовите на социјалните служби, во парковите и градските сали – секаде каде, како што велат организаторите, би можеле да го „кренат гласот“. Движењето бара „крај на моќта на милијардерите над државата“.
„Без разлика дали сте мотивирани од нападот на демократијата, отпуштањата, нарушувањето на приватноста или уништувањето на јавните услуги – овој момент е ваш“, пишува во флаерот на настанот. „Сакаме јасно и масовно отфрлање на кризата во која се наоѓаме“.
« #HandsOff » protesters rally across #US to oppose & decry actions of the #Trump administration.
Thousands gather across the US. Protest sites included the National Mall in #WashingtonDC. 📹 : 5th Avenue, #NewYork. #USA 🇺🇸 pic.twitter.com/H6EAvqqWQl— The Ukrainian Week / Tyzhden (@ukr_week_en) April 5, 2025
Речиси 600.000 луѓе се пријавиле, вклучително и во градови како Лондон и Париз, според Индивизибл, еден од водачите на движењето, кое ги обединува синдикатите за граѓански права, здруженијата на ветерани, правата на жените, работничките синдикати и ЛГБТК активистите.
Организаторите наведоа три клучни барања: крај на владеењето на милијардерите и корупцијата во администрацијата на Доналд Трамп, крај на кратењето на федералните средства за Медикеид, социјалната помош и другите клучни програми и крај на нападите врз имигрантите, транс луѓето и другите ранливи заедници.
За време на протестот во Вашингтон зборуваа многу политичари, меѓу кои и претставникот на Демократската партија од Мериленд, Џејми Раскин, кој рече дека „нема иднина со претседател кој ја води политика на Мусолини и економија на Херберт Хувер“.
„Татковците на нацијата не напишаа Устав што почнува со „Ние, диктаторите“, туку „Ние, народот““, им порача Раскин на илјадниците собрани пред споменикот во Вашингтон. „Ниту еден морален човек не сака диктатор кој ја знае цената на сè и вредноста на ништо“.
Во Националниот парк демонстрантите носеа транспаренти со пораки „Рацете подалеку од нашите права“ и „Заштитете го Уставот“, извикувајќи „Трамп мора да си оди!“.
Во Лос Анџелес, демонстрантите маршираа кон градското собрание, извикувајќи „Моќ на народот“ и носејќи транспаренти како „Рацете подалеку од образованието“ и „Спротивстави се“.
Откако Трамп ја презеде функцијата, неговата администрација отворено ги намали владините трошоци, без оглед на последиците. Илјадници владини службеници беа отпуштени како дел од планот на Трамп и Маск за „оптимизација на државата“.
Илон Маск, најбогатиот човек во светот на чело на новооснованото „Министерство за ефикасност на владата“, се пофали дека „ја ставил Американската агенција за меѓународна помош (УСАИД), која храни милиони сиромашни, во машина за уништување.
Во меѓувреме, програмите за помош на младите демократии во странство беа затворени, а работниците кои ги надгледуваат изборите во САД беа отпуштени, што поранешните и сегашните функционери го гледаат како предавство на американските демократски вредности.
Управата за социјално осигурување, која исплаќа пензии и бенефиции на 73 милиони Американци, е во хаос по големата реорганизација и отпуштања на илјадници вработени.
Администрацијата, исто така, започна голем бран на депортации, тоа го зголеми притисокот врз имиграциските служби и неодамна погрешно депортираа еден човек од Ел Салвадор.
Администрацијата на Трамп ги негира климатските промени и ги повлекува регулативите за емисиите од возилата и електраните. Тие најавија и ревизија на сите правила за оружје и судски процеси кои би можеле да го ограничат правото на поседување оружје.
The ‘hands off,’ anti- Trump protest in Trafalgar Square growing in numbers. pic.twitter.com/LwnqRY5dvG
— Chris Hobbs (@obbsie) April 5, 2025
Во Лондон луѓето излегоа на улиците со транспаренти, а противниците на Илон Маск се собраа пред салонот на Тесла во Актон.