Ова е четврти најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на индексот на милијардери на Блумберг, а воедно и најголем од врвот на пандемијата на ковид-19.
Најголеми загуби се забележани кај шефовите на американските технолошки гиганти. Основачот на Мета, Марк Закерберг, загуби најмногу – 17,9 милијарди долари – откако акциите на неговата компанија паднаа за 9 отсто, пишува Блумберг.
Џеф Безос загуби 15,9 милијарди долари бидејќи акциите на Амазон исто така потонаа за 9 отсто за еден ден.
Илон Маск загуби 11 милијарди долари, со што неговите вкупни загуби од почетокот на годината до денес достигнаа 110 милијарди долари.