„ЕУ е убав и моќен проект. Земјите во регионот се такви што западните земји нема да ги прифатат во Унијата, а Украина е преголема. Благодарение на Европа, ситуацијата со вработувањето во нашата земја никогаш не била подобра“, рече Милановиќ на свечената седница по повод 773-годишнината од градот Крижевци.
Иако рече дека во овој изборен период дошол повеќе да слуша, а помалку да зборува, на идниот градоначалник и на сите што ќе победат на локалните избори им порача што повеќе да ги користат парите од европските фондови „бидејќи сега е последниот момент“.
Унијата, наведе тој во своето обраќање, нема енергија бидејќи се откажа од неа. Не може да ја надомести онаа што ја имаше кога ја увезуваше од Русија по ниска цена. За жал, нагласи Милановиќ, не сме ниту меѓу најсилните во новите технологии, а тоа денес се Америка и Кина.
„Мораме да ја преиспитуваме секоја одлука од Брисел и од другите центри на моќ“, рече претседателот Зоран Милановиќ.