„Не учествував во подготовката и носењето на овој документ, но како претседател на државата и врховен командант на оружените сили го поддржувам тој меморандум. И на некој начин сакам да ги смирам соседните држави, на пример Србија, дека нема никакви проблеми со тоа, односно дека не треба да има. А Македонија е во НАТО и тоа е доволно“, кажа Милановиќ.
Тој ова го кажа на заедничка прес-конференција со претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова, на прашањето какви се неговите очекувања од договорот за воена соработка на Хрватска со Албанија и Косово и дека Македонија е поканета.
„Договорот кој го спомнавте не е договор, тоа е декларација, односно меморандум. Тоа е еден документ, кој во форма на записници го потпишаа три министри за одбрана. Од аспект на хрватскиот уставен систем не ги исполнува условите да биде меѓународен договор, туку декларација на некој начин, без какви било меѓународни правни последици“, кажа хрватскиот претседател.
„Тука се моја Хрватска и Албанија, членки на НАТО, и Косово, наша пријателска држава која сè уште не е призната во ЕУ и не е примена. Доколку ја претставувам Македонија воопшто не би размислувал за тоа. Не е меѓународен договор, но е во насока на хрватската надворешна политика“, кажа Милановиќ.