Во разговорот на Милановиќ со министерката Спиропали во претседателската резиденција Пантовчак, главни теми беа билатералните односи меѓу двете земји, регионалната соработка и преговорите за членство на Албанија во Европската Унија.
Милановиќ потврди дека Албанија може да смета на поддршката од Хрватска, како и на неговата лична, во продолжувањето на преговорите со ЕУ, соопшти кабинетот на хрватскиот претседател.
„Хрватска досега цврсто и отворено ја поддржуваше Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ“, потсети тој, и го повтори својот став дека Албанија треба да се приклучи на ЕУ што е можно поскоро, односно дека веќе требало да биде примена во членството.
Министерката Спиропали го информираше хрватскиот претседател за досегашните напори на Албанија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ и резултатите од преговарачкиот процес.
Таа наводно нагласила дека Албанија ги отворила сите поглавја од преговорите и очекува преговорите да се забрзаат, при што ќе ја покаже својата подготвеност за членство.






