Мицотакис рече дека е охрабрувачки што алијансата се согласила за „значително зголемување“ на воените трошоци и потсети дека Грција веќе издвојува повеќе од три проценти, надминувајќи го прагот од два проценти дури и за време на тешката економска криза, пишува Гардијан.
Според него, еднаквата распределба на товарот е „темел“ на колективната одбрана, а земјите што не ги исполнуваат своите обврски „не треба да се потпираат“ на напорите на другите членки, што, според Гардијан, е критика упатена кон Шпанија.
Вчера во Холандија започна дводневен самит на НАТО, со фокус, како што беше најавено, на трошоците за одбрана на земјите-членки, според предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп
Главната тема на самитот е очекуваниот договор на членките за издвојување на пет проценти од бруто-домашниот производ (БДП) на секоја земја за одбрана, како што предложи Трамп, што е зголемување од сегашните два проценти.






