петок, 2 јануари 2026

Меркел: ЕУ мора да биде посилна за да преживее во светот на Русија, Кина и Трамп

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја повика Европската Унија да се обедини во услови на војни и кризи, како и на протекционистичките политики на американскиот претседател Доналд Трамп, и повика на реформи на 27-члениот блок, објави германската новинска агенција Дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поранешната лидерка на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) зборуваше на симпозиум за Лисабонскиот договор на ЕУ, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), поврзана со ЦДУ.

Осврнувајќи се на геополитичките тешкотии за Европа кога станува збор за Русија, „со различните идеи на нашите пријатели во Соединетите Американски Држави“ или кога станува збор за Кина, Меркел рече дека размислува за тоа што „може да постигне една поединечна земја-членка на ЕУ (сама)“ по овие прашања.

„Сите сме, дури и економски најголемата Германија, сосема сами на отворено поле“, додаде Меркел на настанот одржан по повод 80-тиот роденден на поранешниот претседател на Европскиот парламент, а подоцна и лидер на КАС, Ханс-Герт Петеринг.

„Затоа Европа стана поважна отколку што некој би можел да помисли“, рече таа.

Меркел, исто така, рече дека недостатокот на Лисабонскиот договор е тоа што мора да се свика Европска конвенција за големи промени.

„Мораме да бидеме внимателни како Европска Унија, за да сами себеси да не си го оневозможиме дејствувањето“, предупреди таа.

Меркел, исто така, го критикуваше фактот дека иако Европскиот парламент може да ја отстрани Европската комисија од функцијата со гласање доверба, за разлика од националните парламенти, не мора да се одржат нови избори.

„Мислам дека претставува нерамнотежа да отстраните некој од функцијата без самите да не ги сносите последиците“, рече таа.

Лисабонскиот договор беше усвоен во октомври 2007 година кога претседател на Европскиот парламент беше Петеринг.

Откако беше ратификуван од сите 27 земји-членки, тој стапи во сила на 1 декември 2009 година.

Му даде на Европскиот парламент повеќе овластувања. Меркел го опиша ова како „триумф за сите парламентарци“, што секогаш ќе биде поврзано со претседателствувањето на Петеринг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ