„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да го задржат своето воено присуство во Германија“, рече Мерц во Вашингтон по средбата со Трамп во Белата куќа, додавајќи дека тоа е добра вест и дека ништо друго не ни очекувал.
Со оглед на критичкиот став на Трамп кон Европа, во последните месеци се шпекулираше дека би можел да ги повлече американските трупи од Германија. Мерц не разјасни дали Трамп ветил дека американскиот воен контингент ќе остане на сегашното ниво.
Германскиот канцелар истакна дека во разговор пред самитот на НАТО во Анкара во јули разговарал со својот американски колега како подобро да се организира заедничкото воено одвраќање во иднина, без да открие детали.
„Трамп призна дека германската влада исто така презеде одредена водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО“, забележа Мерц, заклучувајќи дека САД ја почитуваат Германија и нејзините големи инвестиции во конвенционалната војска.






