петок, 16 јануари 2026

Мерц: Русија е европска земја, мораме да најдеме рамнотежа во односите (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи пред бизнисмените на новогодишниот прием во Хале, Мерц порача дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, што донекаде е во спротивност со неговите претходни изјави, кои изгледаа доста воинствено кон Русија.

„Ако успееме да ги вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако преовлада мирот и ако се обезбеди слободата, ако успееме во сето ова, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот тест и по 2026 година ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба“, кажа Мерц.

Канцеларот нагласи дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија. „Го велам тоа каде и да сум во Германија“, кажа Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ