недела, 25 мај 2025

Мерц прогласи „национална вонредна ситуација“ поради миграциите

Два дена по давањето заклетва, германскиот канцелар Фридрих Мерц прогласи „национална вонредна ситуација“ поради нелегалните миграции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сè уште не е јасно кога ќе почне примената на оваа вонредна состојба, а амбасадорите на соседните земји сега се известуваат за оваа одлука во германското министерство за надворешни работи.

Фридрих Мерц го спроведува своето предизборно ветување за контролирање на границите, а новата сојузна влада сака да го активира Членот 72 од договорот за функционирањето на Европската Унија, пренесува весникот Велт.

Членот 72 им дозволува на државите членки да отстапат од некои правила на ЕУ за да го одржат јавниот ред и да ја заштитат внатрешната безбедност. Дали тоа е дозволено во овој случај веќе беше тема на расправа на германската „семафор коалиција“ и ЕУ минатата година. Адвокатите предупредуваат дека на крајот за ова би можел да одлучува Европскиот суд на правдата.

Министерот за внатрешни работи Александер Добринт уште вчера нареди одбивање на барателите на азил на германските граници, а се повика на Членот 72.

Со тоа тој ја поништи одлуката од 2015 година со која на мигрантите од безбедни трети земји им се дозволува влез во ЕУ ако поднесат барање за азил. Во писмо упатено до федералната полиција се наведува дека на барателите на азил „може да им биде одбиен влезот“ ако дојдат од безбедна држава членка, со исклучок на „ранливи лица“ како бремени жени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ