понеделник, 22 декември 2025

Мерц: Посетата на Белата куќа не помина како што се надеваше Зеленски

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД не поминала онака како што се надевал украинскиот лидер и дека тоа нагласува колку на Украина ѝ е потребна европска помош.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Мерц изјави дека по разговорот со Зеленски, заклучил дека војната може да се заврши само со воена сила на Украина и дека Германија ќе продолжи да обезбедува финансиска, политичка и воена поддршка, пренесува Украинска правда.

„Капитулација не е опција, бидејќи тогаш Русија ќе ја нападне следната европска земја“, изјави канцеларот. Зеленски вчера разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Тој рече дека ќе му понуди на Трамп договор за набавка на крстосувачки ракети „томахавк“ во замена за украински беспилотни системи.

Според медиумските извештаи, на состанокот, Трамп јасно ставил до знаење дека сè уште не размислува за испорака на ракети „томахавк“ во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ