петок, 2 јануари 2026

Мерц: На Путин не смее да му се дозволи да ги одредува условите за мир во Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја предупреди Европа да не дозволува Русија да ги одредува условите за мир во Украина, бидејќи тоа само би го зајакнало претседателот Владимир Путин „во неговата потрага по следната мета“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Путин долго време ги тестира границите“, рече Мерц во парламентот, обраќајќи се пред пратениците во рамките на буџетската недела. „Тој саботира, шпионира, убива, се обидува да ги вознемири луѓето“, продолжи тој. Мерц рече дека ова било очигледно во Полска минатата недела, кога руски беспилотни летала првпат го нарушија воздушниот простор на земјата и беа соборени над нејзината територија.

Путин, исто така, сака да го дестабилизира германското општество, предупреди канцеларот. „Нема да дозволиме тоа да се случи“, нагласи Мерц, додавајќи дека Германија токму од оваа причина ја зајакнува својата отпорност и одбранбени капацитети.

„Мораме да ги одвратиме нашите противници од понатамошна агресија и во исто време да ги обединиме сојузниците и партнерите“, рече тој.

Германија беше една од земјите што најсилно ја поддржаа Украина по руската инвазија во 2022 година.

Според министерот за одбрана Борис Писториус минатата недела, земјата оттогаш ги надмина Соединетите Американски Држави и сега е најголемиот снабдувач на воена помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ