„Целта на разговорите е да се истражи како може да се постигне поблиска соработка во областа на нуклеарното одвраќање. Разговорите се уште се во многу рана фаза“, кажа портпаролот за време на редовната прес-конференција.
„Не станува збор за замена на американскиот заштитен штит, туку за негово дополнување и зајакнување. САД играат централна улога во нуклеарното одвраќање на НАТО. Така е сега и сакаме така да остане и во иднина“, додаде портпаролот.






