недела, 27 април 2025

Мерц: Германија испраќа ракети таурус во Украина

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц рече дека нападот на руските сили врз украинскиот град Суми, во кој загинаа повеќе од 30 луѓе, е „сериозно воено злосторство“ и дека е спремен да му испорача на Киев крстосувачки ракети таурус за да се брани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во прашање е очигледно воено злосторство, и тоа сериозно. Имаше два брана напади, а вториот дојде додека работниците се обидуваа да им помогнат на ранетите. Тоа е врв на перфидноста“, изјави Мерц за германски АРД.

Мерц рече дека му ветил на Киев испорака на крстосувачки ракети таурус, додавајќи дека европските партнери тоа веќе го прават.

„Тоа го прават Британците, Французите и Американците. Испораката мора да биде координирана, а во тој случај и Германија би требало да учествува“, наведе Мерц.

Според неговите зборови, украинската војска мора да излезе од дефанзива бидејќи таа секогаш, како што вели тој, само реагира.

Во вчерашниот ракетен напад на Суми загинаа 31 лице, од кои две се деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ