„Нови сојузи на автократии се формираат против нас и ја напаѓаат либералната демократија како начин на живот“, оцени Мерц пред публиката во Сарбрикен, на границата со Франција, каде беше и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Глобалниот економски поредок се создава одново. Се креваат царински бариери, а себичноста станува посилна“, кажа тој. „Тоа исто така нè ослабува економски“.
„Со години нерегулираните, ненасочени миграции во Германија ја поларизираа нашата земја и создадоа нови поделби во нашето општество“, кажа тој, повикувајќи ги сограѓаните да ја препознаат вредноста на живеењето во демократија каде што владее правото.
„Политиката, државата, владата имаат свои одговорности“, кажа тој. „Но, сите мора да го разбереме обемот на предизвикот, секој граѓанин на нашата земја“.






