четврток, 26 февруари 2026

Меланија Трамп ќе претседава со состанок на Советот за безбедност на ОН

Првата дама на Соединетите Американски Држави Меланија Трамп ќе претседава со состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за четири дена, кога САД ќе го преземат ротирачкото претседателство со телото, соопшти денес Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меланија Трамп на состанокот ќе го нагласи образованието како начин за промовирање на толеранцијата и светскиот мир, а тоа ќе биде прв пат сопруга на претседателот на власт да претседава со телото со 15 земји-членки, објави вчера кабинетот на американската прва дама во соопштение за медиумите.

Претседателот на САД Доналд Трамп е гласен критичар на Обединетите нации уште од својот прв мандат во Белата куќа, тврдејќи дека светската организација со 198 земји-членки е неефикасна и ѝ се потребни реформи.

Сепак, тој зазеде попомирувачки став на минатонеделниот состанок на неговиот Одбор за мир, иницијатива за која тврди дека има за цел да ги реши светските конфликти, но која многу светски лидери ја отфрлија поради загриженоста дека таа има за цел да ги замени ОН.

„Одборот за мир речиси сигурно ќе се грижи за Обединетите нации и ќе се погрижи тие да функционираат правилно“, порача Трамп на 19 февруари. „Ќе ги зајакнеме Обединетите нации. Ќе се погрижиме нивната инфраструктура да биде добра. Ќе им помогнеме финансиски и ќе гарантираме дека Обединетите нации ќе бидат одржливи“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ