недела, 14 декември 2025

Мексиканската претседателка: Американската војска нема да дејствува на наша територија

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изјави дека припадниците на американската војска нема да влезат на мексиканска територија, откако медиумите објавија дека Вашингтон размислува за таква можност во борбата против нарко картелите.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Соединетите Американски Држави нема да дојдат во Мексико со војска. Соработуваме, но нема да има инвазија, тоа е апсолутно исклучено. Тоа не е дел од никаков договор, далеку од тоа“, изјави Шајнбаум.

Претходно денеска весникот Њујорк тајмс објави дека американскиот претседател Доналд Трамп потпишал наредба до Пентагон со која иницира употреба на воена сила против одредени латиноамерикански нарко картели, пренесува Ројтерс.

Претседателката Шајнбаум изјави дека мексиканската влада била информирана за одлуката, но нагласи дека наредбата не предвидува распоредување на американски трупи на мексиканска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ