вторник, 6 мај 2025

Меѓународната организација за миграции: Во Газа се уништени над 90 отсто од куќите

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) објави денес дека повеќе од 90 отсто од куќите во Појасот Газа се уништени во израелската воена кампања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Семејствата се кријат во небезбедните урнатини бидејќи немаат каде да заминат“, објави агенцијата на социјалната мрежа Икс, додавајќи: „ИОМ има спремни засолништа – граничните премини мора веднаш да се отворат“.

Израел на 2 март ги затвори премините кон Газа, оневозможувајќи влез на основните намирници во палестинската енклава и покрај бројните извештаи за глад во подрачјето разурнато од израелската војска.

Израелските сили ги продолжија нападите на Газа на 18 март, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот и размена на заробениците постигнат на 19 јануари.

Од почетокот на израелската војна во октомври 2023, израелските сили во Газа убија повеќе од 51.300 Палестинци, главно жени и деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ