четврток, 10 јули 2025

Медведев: Трамп со нападот врз Иран почна нова светска војна

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп започнал нова американска војна со нападот врз Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американските сили нападнаа три од главните нуклеарни постројки на Иран, изјави Трамп доцна синоќа и го предупреди Техеран дека ќе се соочи со уште поразорни напади доколку не се согласи на мир.

„Трамп, кој дојде како претседател – миротворец, започна нова војна за САД“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм. Тој додаде дека со такви „успеси“ Трамп нема да може да ја освои Нобеловата награда за мир.

Кремљ вчера соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема планови да разговара со Трамп по нападите на САД. Но додаде дека може брзо да се организира телефонски повик, објави ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ