понеделник, 8 декември 2025

Медведев: Русија ќе биде принудена да ја разгледа практичноста на спроведувањето целосни нуклеарни тестови

Русија ќе биде принудена да ја преиспита практичноста на спроведувањето на целосни нуклеарни тестови, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не знае што мисли Трамп под „нуклеарни тестови“ (веројатно ни тој самиот не знае). Но, тој е претседател на Соединетите Американски Држави. А последиците од таквите зборови се неизбежни: Русија ќе биде принудена да ја преиспита практичноста на спроведувањето целосни нуклеарни тестови“, порача поранешниот руски претседател на социјалната мрежа Икс.

Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за потенцијални нуклеарни тестови е сериозно прашање, предупреди вчера рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со постојаните членови на рускиот Совет за безбедност.

„Русија отсекогаш строго се придржувала и се придржува до своите обврски според Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови и не планираме да отстапиме од овие обврски. Меѓутоа, навистина, во моето обраќање до Федералното собрание во 2023 година, изјавив дека доколку Соединетите Американски Држави или која било друга држава-членка на Договорот спроведе такви тестови, Русија исто така ќе биде обврзана да преземе соодветни мерки како одговор“, кажа рускиот претседател.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов изјави дека смета дека е практично веднаш да се започнат подготовките за нуклеарни тестови на полигонот Новаја земља.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ