Тој на социјалната мрежа Телеграм објави список од 10 точки, во кој наведува што постигнале Американците со нивниот напад врз Иран.
Во првата точка, тој наведува дека критичната инфраструктура на нуклеарниот комплекс очигледно не е оштетена или е само малку оштетена.
„Збогатувањето на нуклеарни материјали, а сега можеме директно да кажеме – и идното производство на нуклеарно оружје – ќе продолжи“, продолжува Медведев.
Потоа додава дека голем број земји се подготвени директно да го снабдат Иран со свое нуклеарно оружје.
Друго достигнување на Израел е тоа што самиот е нападнат. Експлозии одекнуваат во Израел, а луѓето се во паника, истакна Медведев.
Петтата точка е дека САД се вовлечени во нов конфликт, со можност за копнена операција. Според Медведев, американскиот претседател Доналд Трамп, откако дојде на власт како миротворец, започна нова војна за САД.
Покрај тоа, политичкиот режим во Иран е зачуван, а „најверојатно дури и се зајакнат“, истакнува Медведев.
„Народот се обедини околу духовното раководство. Притоа, дури и оние кои немаа симпатии кон него“, додаде тој.
Како што заклучува, апсолутното мнозинство земји во светот се против постапките на САД и Израел.
„Со таков успех, Трамп никогаш нема да ја види Нобеловата награда за мир, дури и покрај целата корупција на оваа номинација. Добар почеток, честитки, господине претседател!“, рече Медведев.
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека американските сили извршиле напад врз иранскиот нуклеарен објект Фордо и целосно го уништиле, како и дека ги бомбардирале објектите Натанз и Исфахан. Според него, постигнат е „спектакуларен воен успех“, пренесоа агенциите.
Иранските власти потврдија дека се извршени напади врз три нуклеарни објекти во земјата, но сè уште официјално не го објавиле обемот на штетата.