четврток, 5 март 2026

Медведев: НАТО е лудо

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев се огласи денес на социјалната мрежа Икс за американско-израелската војна во Иран, напаѓајќи го НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп. Во објавата, тој ги критикуваше дискусиите во НАТО за евентуалното повикување на Член 5.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„НАТО е лудо. Прво Соединетите Американски Држави го убиваат иранскиот лидер и почнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа идиотите на НАТО, предводени од послушниот „син“ на Трамп, Руте, размислуваат за активирање на Членот 5.

Што велите да го номинираме претседателот на САД за Нобелова награда за мир за започнување голема војна, а? Орвел беше во право, војната е мир“, напиша Медведев.

Претходно Медведев наведе на Телеграм дека американските напади го покажаа „вистинското лице“ на САД. „Сите преговори со Иран беа само параван. Никој не се сомневаше во тоа. Никој не сакал да преговара за ништо“, напиша тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ