Трамп објави на социјалната мрежа Трут соушл дека „никој не ни се приближил по сила, храброст и воен сјај“ во обете светски војни и дека „Соединетите Американски Држави направија повеќе од која било друга земја, многу повеќе, за да постигнат победнички исход во Втората светска војна“.
Медведев, поранешниот претседател на Русија, кој се профилираше како еден од најгласните антизападни јастреби во Москва од почетокот на војната во Украина, даде свој коментар во време кога Вашингтон и Москва се обидуваат да ги обноват нарушените односи преку разговори за можен крај на конфликтот.
„Трамп неодамна изјави дека САД дале најголем придонес за победата во Втората светска војна и дека ќе воведе посебен празник на 8 мај. Празникот не е лоша работа, но неговата прва изјава е претенциозна бесмислица“, изјави Медведев на социјалната мрежа ВКонтакте, пренесува Ројтерс.
„Нашиот народ жртвуваше 27 милиони животи на своите синови и ќерки во име на уништување на проклетиот фашизам. Затоа Денот на победата е наш, и тоа е на 9 мај! Така беше, така е и така секогаш ќе биде!“, рече Медведев.