„Европските „миротворци“ ме изненадија. Писториус изјави дека не верува дека војната меѓу НАТО и Русија е неизбежна, а Стаб призна дека Русија нема интерес да ги напаѓа земјите-членки на алијансата. Што се случува? Дали конечно се отрезнија или божиќните празници веќе започнаа?“, се праша Медведев.
The ‘European peacemakers’ are surprising. Pistorius said he doesn’t believe war will break out between NATO and Russia, and Stubb admitted our country has no interest in attacking alliance members.
So, what happened? Sobering up or have the Christmas holidays simply begun?— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 23, 2025
Во интервју за германскиот медиум Ди цајт Писториус изрази скептицизам во врска со можноста за тотална војна меѓу Русија и НАТО. Новинарите побараа да ја коментира изјавата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Европа може да ја преживее војната, „како што правеле нашите дедовци и баби“. „Можеби сакал многу живописно да покаже што може да се случи. Не верувам во такво сценарио“, одговори Писториус.
Стуб зборуваше за можниот конфликт со Русија за време на гостувањето на Фокс њуз.
„Се согласувам со проценката на Тулси Габард дека решителноста на НАТО е толку голема што Русија нема интерес да нападне. Имаме една од најголемите армии во Европа и имаме граница долга 1.300 километри со Русија. Имаме задолжителна воена служба. Имаме повеќе од 60 авиони Ф-18, купуваме 64 авиони Ф-35. Имаме најголема артилерија во Европа. Имаме ракети со долг дострел“, кажа Стуб.
„Не го имаме сето ова затоа што сме загрижени за Стокхолм, туку како средство за одвраќање од Москва. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте сака да ги зголеми трошоците за одбрана кај членките на алијансата, со други зборови во земјите што немаат толку голема армија како Финска“, додаде тој.
Тулси Габард, директорката на американската национална разузнавачка заедница, претходно изјави дека американската разузнавачка заедница не проценува дека Русија има способност да ја освои Европа или дури Украина.
Тоа беше нејзиниот одговор на написот на Ројтерс во кој беше наведено дека американските разузнавачки служби предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја окупира цела Украина и да ги врати деловите од Европа кои некогаш му припаѓаа на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори.






