петок, 6 март 2026

Медведев до арапските земји: Американските бази се закана а не заштита

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денес на социјалната мрежа Икс се огласи во врска со американско-израелската војна против Иран, испраќајќи порака до земјите од Персискиот залив.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Земјите од Заливот дозволија американски бази на нивна територија. Тие наивно очекуваа заштита од нив. Како па да не! САД само ги искористуваат, додека штитат само една земја. Размислете добро дали навистина ви требаат американски бази – тие не се заштита, туку закана“, порача Медведев.

Тој вчера го коментираше нападот на САД и Израел врз Иран, напаѓајќи ги НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп. Во објавата, тој ги критикуваше дискусиите во НАТО за евентуалното повикување на Член 5.

„НАТО е лудо. Прво, САД го убиваат иранскиот лидер и почнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа идиотите на НАТО, предводени од послушниот „син“ на Трамп, Руте, размислуваат за активирање на Член 5. Што велите да го номинирате американскиот претседател за Нобелова награда за мир за започнување голема војна, а? Орвел беше во право, војната е мир“, напиша Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ