„Буџетот никогаш не е едноставен, а сега, да бидеме искрени, тоа е воен буџет“, рече Медведев, зборувајќи на состанокот со пратениците на Единствена Русија за подготовката на нацрт-буџетот за следната година, пренесува ТАСС.
Медведев оцени дека за решавањето на поставените задачи во социјалната и другите сфери се потребни „избалансирани решенија што ги земаат предвид буџетските можности“.
„Но, знаете, овој еуфемизам ‘избалансиран буџет’ не треба да го засени постигнувањето на целите поставени од шефот на државата и нашата партија. Со други зборови, заради имагинарна рамнотежа, не можеме да го жртвуваме развојот на земјата“, рече Медведев.
Според него, ова е „многу тенка линија“ на која Единствена Русија ќе мора да „работи многу“ со своите колеги од владата.






