недела, 14 декември 2025

Медведев: „Антируската коалиција на спремни “ не успеа да го надмудри Трамп на негов терен

Антируската военоподбуцнувачка „коалиција на спремните“ не успеа да го надмудри американскиот претседател на неговата домашна територија, напиша заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев на социјалната мрежа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Антируската военоподбуцнувачка „коалиција на спремните“ не успеа да го надмудри американскиот претседател на неговата домашна територија. Европа му се заблагодари и се повлече. Прашањето е каква мелодија ќе свири киевскиот кловн за гаранции и територии дома кога ќе се пресоблече во зелената униформа“, порача Медведев.

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, а ги прими и лидерите на европските држави.

Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, финскиот претседател Александар Стуб, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте пристигнаа во Белата куќа заедно со Зеленски. Трамп истакна еден ден претходно дека ова е прв пат во историјата Белата куќа да прими толку многу европски лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ