петок, 19 декември 2025

Медиуми: Вашингтон планира да ја намали воената помош за земјите географски блиски до Русија

Вашингтон планира да ја намали долгогодишната воена помош за европските земји географски блиски до Русија, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се стреми Европа да преземе поголема улога во сопствената одбрана, објавија американските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американските претставници минатата недела ги информираа европските дипломати за одлуката за прекин на американското финансирање за обука и опремување на војската на источноевропските земји, објави Фајненшл тајмс.

Според Вашингтон пост, помошта се проценува на неколку стотици милиони долари.

Официјален претставник на Белата куќа одби да потврди детали за одлуката, но рече дека потегот бил „координиран со европските земји“ во согласност со извршната наредба потпишана од Трамп во јануари за преиспитување на американската странска помош.

Од јануари, американскиот претседател е во поблизок контакт со рускиот претседател Владимир Путин, обидувајќи се да ги запре борбите во Украина, но нема конкретен напредок.

Во почетокот на јули, владата во Вашингтон неочекувано објави дека престанала да му испорачува одредено оружје на Киев, официјално поради загриженост за исцрпување на американските залихи на муниција.

Четири месеци претходно, Трамп нареди „пауза“ на американската воена помош за Украина, која е во војна со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ